Македонија Зврлевски се сретна со романската главна обвинителка Лаура Ковеси

Зврлевски се сретна со романската главна обвинителка Лаура Ковеси

Државниот јавен обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, се сретна со главната обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија, Лаура Кодрута Ковеси.

„Целта на посетата беше запознавање на обвинителите и размена на искуства. На средбата стана збор за организациска поставеност на обвинителствата, при што беа утврдени сличности. Имено, местоположбата што ја има Националниот директорат за антикорупција во системот на Република Романија соодветствува со организациската поставеност на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во нашата земја“, велат од Основното јавно обвинителство.

При посетата, романската обвинителка беше придружувана од директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка Александар Кржаловски.

Ковеси, Зврлевски и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, утре ќе учествуваат на конференцијата „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“