Македонија ЗНМ со декларација побара ослободување од вина на новинарот Томислав Кежаровски

ЗНМ со декларација побара ослободување од вина на новинарот Томислав Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на денешното редовно изборно собрание, едногласно усвои Декларација за Томислав Кежаровски, со која побара негово ослободување од вина.

– Ние, македонските новинари, и денеска и одовде од изборното собрание на ЗНМ, упатуваме уште еднаш силна поддршка за нашиот неправедно осуден и притворен колега, Томислав Кежаровски. Бараме од Апелацискиот суд во Скопје, додека сè уште го чекаме неговиот финален збор, да ја донесе единствената одлука со која ќе ја задоволи правдата – да го ослободи од вина – стои во декларацијата.