Македонија Жителите на Требеништа бараат да им се санира магистралниот пат

Жителите на Требеништа бараат да им се санира магистралниот пат

На овој дел од патниот правец често се случуваат незгоди поради што и е неопходно поправање на оградата и браникот

Жителите на селото Требеништа бараат надлежните да ги санираат оштетените браници на магистралниот пат Кичево – Охрид, кој минува покрај селото. Велат дека приоритет се заштитните браници и металната ограда кај надвозникот на локалниот пат што води кон селото Требеништа, кои биле оштетени во јуни.

– Патот кој води до Требеништа е навистина фреквентен, постојано се движат возила и луѓе, а магистралниот пат е веднаш над него. Откако е оштетена оградата и браникот, доведено е во опасност движењето по тој локален пат. Бараме што поскоро да се санира, се јавувавме и до надлежните, но досега никој ништо нема преземено – велат жителите.

Тие додаваат дека на овој дел од патниот правец често се случуваат незгоди поради што и е неопходно поправање на оградата и на браникот.