fbpx

Владата до УНЕСКО: Со Албанија ќе бараме прифатливо решение за трасата на пругата

-

Покрај отворањето на тендерската постапка за анализа на алтернативна рута за идното железничко поврзување меѓу Македонија и Албанија, владата во доставениот извештај до УНЕСКО тврди дека формирале државна работна група, која заедно со УНЕСКО и албанските институции ќе работи на изнаоѓање прифатливо решение за овој инфраструктурен проект што нема да му наштети на исклучителната универзална вредност на Охридското езеро.

Ваквите активности што ќе ги преземе владата во наредниот период се одговор на директната препорака на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година за земање во предвид на изведба на алтернативна траса од Струга до Прењас, наместо постојната варијанта за изградба на пруга од Струга до Лин. Во обидот да се зачува статусот на УНЕСКО за Светско културно и природно наследство на Охридскиот регион, владата со овие активности се обидува да го убеди УНЕСКО токму за една од најдиректните и најжестоки препораки што ги даде пред повеќе од две години.

Инаку, извештајот за напредокот во реализацијата на препораките на УНЕСКО е објавен на веб-страницата на Министерството за култура. Покрај директниот одговор што е даден за идната траса на железничкото поврзување, од владата со оскудни информации одговараат на препораките на УНЕСКО во однос на идниот автопат Требеништа-Струга.

„На барање на Јавното претпријатие за државни патишта, земјата членка побара стручни консултации од Центарот за светско наследство и советодавните тела со цел отстранување на дилемите кои постојат околу инфраструктурните активности во Охридскиот регион во однос на патната инфраструктура и препораките на Реактивната мониторинг мисија од 2017 година“, се вели во Извештајот доставен до УНЕСКО.

Советодавната мисија била реализирана на 10 и 11 декември минатата година, при што претставници на ICOMOS и IUCN одржале средби со инженери, консултанти и проектанти од ЈП за државни патишта. Како што се посочува во Извештајот, се размениле информации и „конструктивни размислувања“ за дадените препораки на УНЕСКО за автопатските делници Требеништа-Струга и Струга-граница со Албанија.

„По добивањето на препораките кои треба да бидат содржани во извештајот на Советодавната мисија, земјата ќе продолжи со имплементација на проектите согласно констатираните наоди и дадените препораки на советодавните тела“, стои на крајот од одговорот за направениот напредок по шестата препорака на УНЕСКО.

Заедно со доставувањето на прогрес извештајот до УНЕСКО, претставници на централната и општинските власти минатата недела имаа средба со тројцата претставници на УНЕСКО кои дојдоа да направат мониторинг на терен на севкупната состојба со природното и културното наследство на Охридскиот регион. Врз основа на доставениот документ од македонската влада, УНЕСКО повторно ќе го разгледува случајот со Охридскиот регион на следната седница на Комитетот за светско наследство што ќе се одржи во јуни 2020 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...