Свет Жестоки борби на аеродромот во Донецк

Жестоки борби на аеродромот во Донецк

Силни експлозии и артилериски оган го тресат аеродромот во Донецк, и покрај обидите да се преговара за крај на вооружените судири. Шест украински војници и тројца полицајци загинаа во претходните 24 часа, соопштија властите во Киев.

Во близина на стратегиски важниот аеродром, на неколку места се слушнал артилериски оган и силни експлозии во најновите судири на проруските и на владините сили.

Потпретседателот на самопрогласената Република Донецка, Андреј Пургин, вчера изјави дека проруските сили постигнале спогодба со украинската војска да се запре гранатирањето на аеродромот во Донецк.

Сепак, портпаролот на украинската војска во Киев, Владислав Селезљов, наведе дека спогодбата била „бунтовниците да ги соберат мртвите и ранетите од аеродромот“.

– Сега разбрав дека тие ги собрале телата и почнале повторно да пукаат – рече портпаролот на украинската војска, Селезљов.