Македонија Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди Битола

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди Битола

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер во 11.55 часот ја погоди Битола.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 3 километри северно од Битола и на длабочина од 2 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во пониските објекти во Битола.