Uncategorized Земјоделци го блокираа Брисел

Земјоделци го блокираа Брисел

Белгиските фармери изутринава, со тешка земјоделска машинерија, го блокирааат плоштадот Шуман во Брисел, каде се наоѓа седиштето на повеќето европски институции.

Кон протестот против мерките за штедење на земјоделците, кој беше планиран за вториот ден од самитот на лидерите од земјите-членки на ЕУ, се приклучија и антиглобалистите, кои се противат на склучување трансатлантски трговски договор меѓу ЕУ и САД.

Самитот неочекувано заврши еден ден порано од планираното и обидот на демонстрантите да ги спречи европските лидери да влезат во зградата на Европскиот совет беше неуспешен.