Дописници Завршува Меѓународниот студентски филмски фестивал „Филмоција“ во Охрид

Завршува Меѓународниот студентски филмски фестивал „Филмоција“ во Охрид

Во Охрид денеска завршува Меѓународниот студентски филмски фестивал „Филмоција“, во организација на Институтот за филм – Филмска академија.

Во 11 часот ќе биде прикажан анимираниот филм „Тор и легендата за Валхала“, синхронизиран на македонски јазик. Проекцијата за  љубителите на анимирани филмови ја овозможија „Узенгија дистрибуција“ и Агенција за филм на Република Македонија .

Од 12 часот ќе има средба на филмски работници.

Свеченото затворање е во 17 часот, додека од 20 часот македонска премиера ќе има филмот „Триото од Белвил“ на познатиот режисер Силвиан Комет, номиниран за две награди „Оскар“.
Проекцијата ќе биде придружена од музичка изведба во живо на музичарот и композитор Дејан Петровиќ.