Македонија Заврши мини ремонтот, блок 2 на РЕК Битола во функција

Заврши мини ремонтот, блок 2 на РЕК Битола во функција

РЕК Битола / фото: Електрани на Северна Македонија

Блок 2 на РЕК Битола е вратен на мрежа утрово во 9:50 часот, информираат од АД Електрани на Северна Македонија.

„Постројката е повторно ставена во фунција по завршувањето на активностите за нега и санација. Согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола продолжува со работа со полн капацитет, односно со трите блока“, наведено е во соопштението од компанијата.

Вториот блок од РЕК Битола беше плански исклучен на 16 февруари годинава за да се извршат повеќе интервенции на различни позиции, со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот во производството на електрична енергија.