Македонија Затвореник од Идризово проголтал цело пакување со дрога

Затвореник од Идризово проголтал цело пакување со дрога

Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

Фото: Архива, Царинска управа

Вчера околу 20.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.С.(40) од Битола проголтал пакување со прашкаста материја, соопшти МВР.

Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување помош.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.