Македонија Сведочењето на Ставрески пред Анкетната комисија почна, па се откажа

Сведочењето на Ставрески пред Анкетната комисија почна, па се откажа

Сведочењето на министерот за финансии, Зоран Ставрески, пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, е откажано.

Денеска, пред да почне неговото сведочење, тој на новинарите им изјави дека дошол да одговори на сите прашања на членовите на комисијата.

– Денеска сум тука да одговорам на сите прашања што ќе ми ги постават членовите на комисијата, со цел успешно работење на комисијата – изјави Ставрески.

На прашањето зошто побарал затворена седница, Ставрески рече дека неговата одлука е во согласност со одлуката за избор на Анкетната комисија за ефикасно да си ја заврши работата.