Хроника Запленети 4.100 петарди од домот на жителка на струшко Подгорци

Запленети 4.100 петарди од домот на жителка на струшко Подгорци

Полицијата извршила претрес на домот со судска наредба

Фото: МВР, декември 2023

СВР Охрид соопшти дека вчера во струшкото село Подгорци била уапсена Ѓ.И. (56), жителка на селото, откако во нејзиниот дом биле пронајдени 4.100 парчиња петарди од различни категории.

Полицијата извршила претрес на домот со судска наредба. По целосно документирање на настанот, против 56-годишната жителка на Подгорци ќе биде поднесена соодветна пријава.