fbpx

Оливер Спасовски: Пиротехниката да им ја оставиме на професионалците

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сите граѓани им посака среќна и бериќетна Нова година. Тој ги повика граѓаните да празнуваат одговорно и да се погрижат да го сочуваат сопственото и здравјето на најблиските, но кажа и неколку препораки за поголема сигурност.

„Да не возиме ако консумираме алкохол или да не пиеме ако мора да управуваме возило. Да не го објавуваме нашето отсуство од домот, правејќи го така попривлечно за крадците и разбојниците, а сомнителните појави да ги пријавиме во најблиската полициска станица“, рече министерот за внатрешни работи.

Тој повика граѓаните да не посегнуваат по петардите.

„Пиротехниката да им ја оставиме на професионалците, оти далеку поубаво место за прослава е кругот на најблиските одошто ургентните центри. Иако за полицијата нема празник и таа ќе биде присутна на терен, да се воздржиме од инциденти, бидејќи тие само ја уништуваат празничната атмосфера“ вели Спасовски во новогодишното обраќање.

Тој меѓу другото додаде и дека од аспект на Министерството за внатрешни работи, имавме генерално стабилна безбедносна состојба во текот на целата 2021 година, со тенденција на намалување на инкриминациите во споредба со истиот период од минатата година и вкупна ефикасност од околу 61 отсто. 

Во поглед на остварените акции, Спасовски посочи дека досега е запленета дрога во вкупна вредност „на улица“ од 25 милиони евра .

„Со биланс од седум сузбиени организирани криминални групи, со пресечени 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, со одлични резултати во заплената на наркотична дрога во вкупна проценета вредност од 15 милиони евра, а тука би ја додал и заплената на 1.555.600 таблети псеудоефедрин во вкупна количина од 1 тон и 15 килограми, од кој употребен како прекурсор би се произвеле околу 700 килограми синтетичка дрога, метамфетамин, кој на црниот европски пазар за споменатата количина може да достигне вредност од 10 милиони евра“, посочи министерот за внатрешни работи.

Спасовски рече дека се забележани унапредувања и во други области на дејствување на полицијата.

„Бележиме зголемување за 23,4 отсто и на откриените кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје и повеќекратно зголемување на заплените на оружје, муниција и пиротехнички средства; со зголемување на откривачката дејност за 58,3 отсто во делот на корупцијата за разлика од претходната година; со тенденција на намалување на бројот на жртвите во сообраќајните несреќи“, рече министерот. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...