Македонија Запленети 15.050 австралиски долари од македонски државјанин на Ќафасан

Запленети 15.050 австралиски долари од македонски државјанин на Ќафасан

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, додека 15.050 австралиски долари се задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народната банка

Фото: Царинска управа на РСМ

Царинската управа запленила 15.050 австралиски долари од македонски државјанин, при обид за влез во државата на граничниот премин Ќафасан.

„Тој кај царинските службеници пријавил само две илјади долари, иако со себе носел поголема сума девизи. Поради сомнежи, царинските службеници извршиле личен претрес, при што во рачната ташна му пронашле 10 илјади евра и 15.050 австралиски долари“, информираат од Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10.000 евра, додека останатите се задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народната банка.

Против лицето, информираат од Царината, е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд.