Македонија Запленет златен и сребрен накит од над половина милион денари

Запленет златен и сребрен накит од над половина милион денари

Накитот бил пронајден на граничниот премин Богородица кај лице кое патувало во автобус од Истанбул до Гостивар

Фото: Царинска управа

На граничниот премин Богородица се запленети се 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, соопшти Царинската управа.

Накитот бил откриен кај лице кое патувало во автобус од Истанбул за Гостивар. Со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Фото: Царинска управа

По извршениот претрес, кај едно од лицата во џебот од неговиот елек и во патната торба беше пронајден златниот и сребрениот накит. Предметот е предаден на Секторот за контрола и истраги, при што преземени се понатамошни дејствија.