Забава „Замрзнатото кралство” и „Волкот од Волстрит“ најмногу пиратски симнувани филмови

„Замрзнатото кралство” и „Волкот од Волстрит“ најмногу пиратски симнувани филмови

„Замрзнатото кралство“ и драмата на Мартин Скорсезе, „Волкот од Волстрит“, се најмногу пиратски симнувани филмови во 2014 година.

Овие филмови биле симнувани повеќе од 30 милиони пати. Научниот филм на Алфонсо Куарон „Гравитација“ е на трето место меѓу симнуваните филмови, и тоа со цели 29,4 милиони пати. Четвртата позиција е за „Хобит“, симнуван 27,6 милиони пати, а приказната за суперхероите од стриповите на „Марвел“, „Тор“, била гледана пиратски 25,7 милиони пати.