Македонија Законот за задолжница на дневен ред во Собрание

Законот за задолжница на дневен ред во Собрание

29. седница на чијшто дневен ред се предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за задолжница и на Законот за финансиска дисциплина, двата по скратена постапка, денска се во Собранието на Република Македонија.

Пратениците ќе расправаат и за предлог-законите за академија за наставници, за наставници во основните и во средните училишта, за обука и за испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и она творен граѓански универзитет за доживотно учење и за високо-образовните установи за образование на наставен кадар во предучилишно воспитание, основно и во средно образование, четирите во прво читање.

На дневниот ред се и предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за заштита на децата, за производи за заштита на растенијата, за здравствена заштита, за квалитет на амбиенталниот воздух, за снабдување со вода за пиење и за одведување на урбани и отпадни води, и за облигационите и стварноправните односи во воздушниот сообраќај, сите во прво читање.

Во рамките на седницата, ќе се расправа и за предлог-законот за градежно земјиште, во прво читање, и за втората национална предлог-стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020 година.