Главна секција Заев за разговорот со Хајндл: Нема конкретни резултати, ова се почетни средби

Заев за разговорот со Хајндл: Нема конкретни резултати, ова се почетни средби

„Ништо конкретно не се договоривме, ова се почетни разговори“, изјави по 45-минутната средба со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Веднаш по Заев, на средба со Хајндл пристигна претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во придружба на шефот на кабинетот, Артан Груби, и на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. По средбата со Ахмети, Хајндл ќе се сретне и со првиот човек на ДПА, Мендух Тачи.

Инаку, вчера Хајндл се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.