Македонија Заев упати честитка по повод Бадник и Божик

Заев упати честитка по повод Бадник и Божик

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, по повод големите христијански празници Бадник и Рождество Христово, Божик, во свое име и во име на СДСМ, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, како и до сите верници од православна вероисповед во земјава.

„Вам лично, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво и на сите православни верници, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, ви упатувам искрени честитки по повод големите празници Бадник и Рождество Христово, Божик, со најискрени желби за добро здравје и за лична, семејна и општествена благосостојба. Во духот на христијанските вредности, овие празнични денови, во секое срце нека внесат мир, во секој дом нека донесат топлина, светлина, радост и љубов и нека го зацврстат единството и почитувањето меѓу сите луѓе во земјава. Раѓањето Христово, Божик, е поттик за надеж и за верба во подобро утре“, стои во честитката.

Лидерот на СДСМ повика сите заедно да дадеме придонес во солидарноста и во толеранцијата, негувањето на човековите вредности: чесноста, слободата, заложбите за вистината и правдата, за да овозможиме спокен и среќен живот за сите граѓани во Република Македонија.