Македонија Заев на распит во Обвинителството

Заев на распит во Обвинителството

На распит во Јавното обвинителство за случајот „Пуч“ денеска треба да се јави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

На последниот распит му биле предочени доказите, за кои тој се бранел со молчење. Заев е четвртоосомничен во случајот „Пуч“.

Покрај него, осомничени се и поранешниот разузнавач Верушевски, неговата сопруга и вработен во Општина Струмица.

Досега во овој случај има еден осуден, вработен во МВР, кој доби тригодишна казна затвор.

Верушевски и Заев се товарат за шпионажа и за уценување на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, во корист на странски служби.