Македонија Заев на распит во Обвинителството за поткуп од 200.000 евра

Заев на распит во Обвинителството за поткуп од 200.000 евра

На распит во Јавното обвинителство денеска треба да се јави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој е повикан поради обвинувањата за корупција, под сомнеж дека побарал 200.000 евра мито од бизнисмен во Струмица.

За ова дело Заев беше во обвинителството во петокот. За медиумите тој изјави дека случајот е обид за местење, нарачан од власта.

Сепак, тој истакна дека одговорил на поканата на Обвинителството поради почитта кон Уставот и кон законите.