Македонија Заев му подари на Вучиќ дрес од „Вардар“

Заев му подари на Вучиќ дрес од „Вардар“

Премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му подари дрес од фудбалскиот клуб „Вардар“ со бројот девет и со името на Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Пред состанокот со Вучиќ, Заев во Палатата Србија разговараше со премиерката Ана Брнабиќ, со која се договорија владите на Македонија и на Србија следната година во февруари или март да одржат заедничка седница.