Македонија Заев го предаде пасошот во скопскиот Кривичен суд

Заев го предаде пасошот во скопскиот Кривичен суд

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, еден од четворицата осомничени во случајот „Пуч“, денеска попладне го предаде својот пасош во Основниот суд Скопје 1.

Како што информираа од судот за „Мета“, судија на претходна постапка на осомничениот Заев му одредил превентивна мерка, одземен му е пасошот, и тој е задолжен еднаш неделно да се јавува кај надлежно лице во Основниот суд Струмица.

На првоосомничениот Зоран Верушевски веќе му е одреден притвор од 30 дена, а Јавното обвинителство денеска поднесе предлог за мерка притвор да им биде одредена и на неговата сопруга Соња Верушевска и на Бранко Полифров, вработен во Општина Струмица.