Македонија Заев ги повика административците да се охрабрат и да изберат промени

Заев ги повика административците да се охрабрат и да изберат промени

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот на Коалицијата за живот во Македонија, кој се одржаа во Радовиш, ги повика вработените во јавната администрација да се охрабрат, да не се плашат и да ги изберат промените.

Тој упати повик и до младите да си ја обезбедат својата иднина тука, а бабите и дедовците со заокружување на бројот 4 ги повика да си ги вратат внуците од странските земји.

– Ајде сите заедно да ја турнеме Македонија да оди напред со повисоки плати, со правда за сите, со власт која ќе работи за своите граѓани и за својата држава – порача Заев на митингот во Радовиш.

СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија вечерва ќе одржат митинг и во Струмица.