Македонија Забрана за камиони и автобуси кај Маврово – Дебар и Тетово –...

Забрана за камиони и автобуси кај Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка

Поради остатоци од снег на коловозите, на патните правци Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка има забрана за движење на камиони и на автобуси.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Особено внимание е потребно на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата.