Македонија Заев: помошта од Црвенковски е добредојдена

Заев: помошта од Црвенковски е добредојдена

„Добредојдена е секаква помош, особено од искусни луѓе, како што е поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски“, изјави денеска лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на прашање на „Мета“ дали нешто конкретно било договорено меѓу него и Црвенковски во средата на средбата на Бихаќка,  околу вклучувањето на поранешниот лидер на СДСМ во проектот „Вистината за Македонија“.

– Поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски и поранешен претседател на СДСМ е добредојден во помош на она што огромното мноинство граѓани веќе  го работи  во Македонија, а тоа е враќање на слободата и  демократијата во земјата. Секој поединец е дборедојден , а посебно кога станува збор за искусни луѓе – рече Заев.

Во понеделникот, Црвенковски преку писмо до јавноста го поддржа Зоран Заев за тоа „што преку Вистината за Македонија на најдиректен начин ги соочил сите со катастрофалната реалност и дека е подготвен  „како и на 24 декември“, повторно да биде во првите редови.