Македонија За „Шпанските скали“ обвинителен акт против 11 лица

За „Шпанските скали“ обвинителен акт против 11 лица

Истражната постапка што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) ја започна во јуни годинава за т.н. објект „Шпански скали“ на плоштадот Македонија во Скопје, доведе до Обвинителен акт против 11 лица, што е доставен во Основниот кривичен суд – Скопје.

Сите се товарат за штети на државниот буџет во износ од 163.513.868,00 денари (2,66 милиони евра).

Обвинетите, чиј идентитет не се соопштува се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата е обвинето за Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Според Обвинителниот акт, од 21.12.2010 година до 08.08.2018 година, првоообвинетиот заедно со петмина административни службеници, постапиле спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и не иницирале постапка за раскинување на Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во сопственост на државата, ниту наплатиле договорна казна со што овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист.

Во предметот се обвинети и двајца нотари, геодет, државен правобранител.