Македонија За пет месеци издадени потврди на речиси 242.000 мигранти

За пет месеци издадени потврди на речиси 242.000 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 2.897 мигранти. Од нив, најголем број се државјани на Сирија, вкупно 1.351 лице, од Авганистан биле регистрирани 798 мигранти, 307 мигранти од Ирак и помал број од други земји.

Од 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите, заклучно со ноќеска на полноќ, вакви документи, според податоците на МВР, им се издадени на вкупно 241.649 мигранти, кои транзитирале низ територијата на земјава.

Според државјанството на мигрантите на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија (151.515), а потоа на Авганистан (52.255), Ирак (19.218), Пакистан (4.947), Иран (4.999), Палестина (2.011), Сомалија (1.233), Бангладеш (1.112), Мароко (798), Конго (510), Алжир (378), Либан (409), Нигерија (273) и помал број од други земји.

До Одделението за азил, како што информираат од МВР, вчера не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил, со што бројот на мигранти кои во изминатите пет месеци побарале да останат во земјава и понатаму изнесува 70 лица.