Македонија За неполни три месеци, издадени потврди на вкупно 60.421 мигрант

За неполни три месеци, издадени потврди на вкупно 60.421 мигрант

Во изминатите 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил биле издадени на вкупно 1.462 мигранти, од кои најголемиот број се сириски државјани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од 19 јуни, кога беа донесени измените на Законот за азил и привремена заштита, досега, според издадените потврди на МВР, низ Македонија поминале вкупно 60.421 мигрант.

Во текот на изминатото деноноќие, до одделението за барање азил, не се поднесени барања за признавање на правото на азил.

Од почетокот на издавањето на потврдите, заклучно со денеска, поднесени се вкупно 49 барања за азил во земјава.