Свет За една година убиени 7.000 припадници на ИД

За една година убиени 7.000 припадници на ИД

Најмалку 7.000 припадници на терористичката организација Исламска држава загинале во конфликтите во последната година, изјави шефот на одбраната во Австралија.

Дејвид Џонсон рекол дека ИД, која е централилизирана во Ирак, во голема мера вложува напори да ја сочува територијата, повеќе отколку да освојува нови.

Според неговите зборови, се забележува дека екстремистите на Исламска држава се често дефанзивни и приморани да ги запираат нивните активности поради конфликтите со ирачките сили.