Македонија За 24 часа издадени 2.569 потврди за барање азил

За 24 часа издадени 2.569 потврди за барање азил

Две државјанки на Сирија и на Авганистан, вчера се породиле во Универзитетската клиника за гинекологија и за акушерство во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Досега, вкупно седум мигрантки се породиле на територијата на Македонија.

Во текот на изминатите 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, МВР издало на вкупно 2.569 мигранти, со што вкупниот број на странски државајни кои добиле ваков документ, од почетокот на нивното издавање, на 19 јуни, изнесува 127.553 лица.

Од нив, како што информираат од МВР, 91.654 се сириски државјани, потоа од Авганистан се 18.462 лица, од Ирак – 8.311, од Пакистан – 3.213, од Палестина – 1.273, од Иран – 1.006, од Сомалија – 746, од Бангладеш – 740, од Конго – 426, од Нигерија – 229, од Камерун – 202, од Еритреја – 172, од Етиопија – 144 и од Судан се 123 лица.

Според МВР, вкупниот број на мигранти кои побарале азил во земјава сега изнесува 68 странски државајни, откако вчера до Одделението за азил 18 лица поднеле барања да останат во Македонија.