Свет Европа Вучиќ: Србија нема да воведе санкции кон Русија

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции кон Русија

Србија нема да наложува санкции на Русија и ќе продолжи самостојно да донесува одлуки кои се во согласност со интересите на земјата, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

– Ние сме на европскиот пат, но политиката на Србија не се промени ненадејно – истакна Вучиќ.

Изјавата на Вучиќ е одговор на барањето на новиот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, Србија да ја усогласи својата политика со европската и да воведе санкции против Русија.

– Србија има своја историја и односи со Русија, но во одреден момент треба да ја усогласи својата политика во согласност со надворешната политика и со одлуките на ЕУ – рече Хан.