Свет Балкан Вучиќ: Србија не се меша во внатрешните работи на Македонија

Вучиќ: Србија не се меша во внатрешните работи на Македонија

Србија не се меша во внатрешните работи на Македонија, порача денеска српскиот премиер Александар Вучиќ, кому му истекува премиерскиот мандат и наскоро ќе ја преземе функцијата претседател на Србија.

– Таму живее пријателски народ, кому му посакуваме мир и стабилност – рече Вучиќ по обиколката на рударскиот басен „Колубара“.

Тој порача дека Србија е мала земја на којашто ѝ е важно регионот да биде мирен и стабилен.

– За нас е важно сè да биде мирно, да биде стабилно на Балканот… Наше е да ја зачуваме стабилноста во земјата – рече Вучиќ.