Македонија Времето утре сончево и потопло, со мала облачност

Времето утре сончево и потопло, со мала облачност

Сончево и потопло, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец, ќе биде времето утре во Македонија, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температурите ќе се искачат до 18 Целзиусови степени на крајниот запад на земјава, а во подрачјето на Охридско Езеро до 22 степени, до 25 степени во Пелагонија, 27 во Тиквешијата, а на истокот од земјава до 23 степени. Во Гевгелиско и во Дојранско температурата ќе достигне 28 степени.

Во Скопје ќе има слично време, со највисока дневна температура од 27 степени.

До сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. В сабота кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност.

Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува в недела. Врнежите на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на дневната температура за околу 5 до 7 степени.

И на почетокот од наредната работна седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи, вели прогнозата на УХМР.