Македонија Времето променливо облачно со температура до 21 степен

Времето променливо облачно со температура до 21 степен

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во северните делови ќе има услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 14 Целзиусови степени, а највисоката дневна ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје се очекува променливо облачно време, со кратки сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 13 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.