Македонија Времето денеска во Македонија облачно и посвежо

Времето денеска во Македонија облачно и посвежо

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег. Претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, а по одделни котлини, особено претпладне, ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер, a во јужниот дел од земјава повремено ќе се засилува.