Македонија Времето денеска променливо облачно со локален дожд

Времето денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно време, со локален дожд, ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Дневната ќе изнесува меѓу 11 и 19 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 18 Целзиусови степени.

Следува период на променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд, а дневните температури ќе бидат во благо опаѓање. Кон крајот на оваа и почетокот на идната седмица локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен,  повремено засилен ветер од југоисточен правец.