Македонија Времето денеска претежно сончево, со температури до 15 степени

Времето денеска претежно сончево, со температури до 15 степени

Во Македонија времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а попладне се очекува локално зголемување на облачноста, особено во западните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од -5 до 4 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 15 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а дневната ќе достигне 10 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, в недела се очекува значителна промена на времето, со зголемена облачност и со врнежи од дожд, а на повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и од снег.