Македонија Времето денеска сончево со слаб ветер

Времето денеска сончево со слаб ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло, со слаб ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 15 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево, тивко и потопло, со максимална температура до Целзиусови 19 степени.

Утре, кон крајот на денот, ќе има зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд, проследен со ретки грмежи.