Свет Европа Војвотката од Кембриџ примена во родилиштето на болницата „Сент Мери“

Војвотката од Кембриџ примена во родилиштето на болницата „Сент Мери“

Сопругата на принцот Вилијам, војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, која е бремена со второто дете, утрово била примена во одделот за акушерство на болницата „Сент Мери“ во Лондон, објавила Кенсингтонската палата, пренесуваат медиумите.

Војвотката од Кембриџ била примена во болницата „Сент Мери“ во рана фаза на породилни болки, информирале од Кенсингтонската палата.

Кејт и Вилијам заедно ја напуштиле палатата со автомобил и пристигнале во приватното крило „Линдо“ на болницата, во кој се наоѓа одделот за акушерство каде војвотката веќе го роди првото дете, принцот Џорџ.

Новороденчето ќе биде четврто во линијата за наследство на британската круна, по братот Џорџ, таткото Вилијам и по дедото, принцот Чарлс.