Македонија Воена делегација на САД ќе ја посети Македонија

Воена делегација на САД ќе ја посети Македонија

Во рамките на програмата „Капстон“, воена делегација од САД ќе ја посети Македонија.

Делегацијата предводена од генерал Вилијам Фрејзер Трети ќе се сретне со министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и со претставници на Министерството за одбрана и на АРМ.

Целта на посетата е идните лидери на воените сили на САД да се запознаат со РМ и да ги разгледаат можностите за развој на соработката помеѓу двете држави, соопшти Министерството за одбрана.