Македонија Водата во Шипковица е исправна за пиење

Водата во Шипковица е исправна за пиење

Водата за пиење во Шипковица е исправна. Ова го покажале најновите резултати од испитувањата на водата за пиење во подрачјата во тетовскиот регион кои беа зафатени од поплавите.

Претходно, Министерството за здравство информираше дека водата може да се пие и во Тетово, Лешок и Непроштено.

Инаку во населените места на овој регион континуирано се дистрибуираат едукативи флаери со препораки за заштита на здравјето на населението.