Македонија Во Турција почна судењето на активистите за човекови права

Во Турција почна судењето на активистите за човекови права

Во судот во Истанбул денеска почна судењето на група од 11 активисти за човекови права, меѓу кои има и странци.

Активистите, од кои осум се во притвор, се обвинети за терористички активности поврзани со неуспешниот воен удар во Турција од 15 јули 2016 година. Турското обвинителство на почетокот на октомври побара 15 години затвор за сите обвинети.

Меѓу обвинетите се и директорот на турскиот разгранок на организацијата „Амнести интернешенел“, Идил Есер, германскиот државјанин Петер Франк Стојднер и шведскиот државјанин Али Гарави.

Нивното апсење во јули предизвика загриженост кај меѓународната заедница и дополнително ги зголеми тензиите меѓу Германија и Турција.