Македонија Во сообраќајка загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија

Во сообраќајка загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија

Во сообраќајна незгода што се случила ноќеска во Скопје, загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

Според полицијата, несреќата се случила околу еден часот по полноќ, кога Стефановски, кој управувал возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во сообраќаен знак и рекламен билборд на крстосницата од булеварот Александар Македонски и сервисната улица која ги повзува со кружен тек булеварот Никола Карев и улицата Беласица.

Стефановски со возило на итна помош бил префрлен во градската хируршка болница „Свети Наум Охридски“, каде околу 1.20 часот им подлегнал на повредите.