Хроника Во сообраќајка загина 38-годишен тетовец

Во сообраќајка загина 38-годишен тетовец

Триесет и осумгодишен жител на Тетово загина денеска на стариот пат Тетово – Скопје, кај Добарскиот подвозник.

Сообраќајката се случила околу пладне, кога возачот на автомобил марка „хјундаи“ со тетовски регистарски таблички, загубил контрола, по што возилото удрило во бетонски столб под подвозникот и се превртело.

Во сообраќајката повреден е и 31-годишен жител на Тетово кој го управувал возилото. Тој добил тешки телесни повреди и се наоѓа на скопските клиники.

Моментално полицијата врши увид на местото на несреќата.