Хроника Во сообраќајка на патот Прилеп – Градско животот го загуби петгодишно девојче

Во сообраќајка на патот Прилеп – Градско животот го загуби петгодишно девојче

Попладнево околу 15 часот, на магистралниот пат Прилеп – Градско се случи тешка сообраќајна незгода, во која животот го загуби петгодишно девојче, информираат од Основното јавно обвинителство.

Несреќата се случила кога автомобил „форд фиеста“ со велешки регистарски таблички излетал од коловозот и се превртел. Во автомобилот, освен девојчето, патувале и нејзиниот татко, баба и дедо. Другите патници не се повредени.

Се работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа. Надлежен јавен обвинител изврши увид на местото, издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче, како и наредба за прибирање траги од местото на несреќата врз кои ќе се врши дополнително вештачење.