Дописници Во Штип водата од водоводот и понатаму не е за пиење

Во Штип водата од водоводот и понатаму не е за пиење

Денеска се очекуваат резултатите од Институтот за јавно здравје и потврдата за исправноста на водата за пиење од градскиот водовод во Штип. Во меѓувреме, водата, веќе четврти  ден, е забранета за пиење и може да се употребува само како техничка вода.

„Големото невреме ги поплави бунарите, од каде со вода за пиење се снабдуваат жителите на Штип. Водата е бактериолошки и хемиски исправна, но е заматена“ , соопштија од ЈП „Исар“.

Низ градот кружат цистерни со вода, а обезбедена е и донација со амбалажирана вода.

Од денеска на терен се екипи на Општина Штип, кои вршат попис и евидентирање на штетите од невремето. Најголемите штети ги претрпеа жителите на лакавичкиот регион, каде има поплавени домови и насади.

Жителите изјавуваат дека штетите се поголеи од 90 отсто.