Свет Европа Во Русија уапсени пет осомничени припадници на ИД, кои подготвувале напади во...

Во Русија уапсени пет осомничени припадници на ИД, кои подготвувале напади во Москва

Руската разузнавачка служба (ФСБ) денеска соопшти дека уапсиле пет лица, за кои се тврди дека се поврзани со Исламска држава, под сомневање дека планирале терористички напади во Москва и на Кавказ.

ФСБ наведува дека агентите на службата во становите на осомничените пронашле пет парчиња огнено оружје, две импровизирани експлозивни направи, од кои секоја содржела по околу 10 килограми ТНТ и разни видови муниција.

Во соопштението не се прецизира дали осомничените се уапсени во Москва или во севернокавкаскиот регион Ингушетија, каде, како што ФСБ смета, планирале напади.