Свет Свет Во Русија прогласен ден на жалост

Во Русија прогласен ден на жалост

Знамињата во Русија денеска се спуштени на половина копје, а одложени се сите манифестации од забавен карактер.

Во Санкт Петерсбург, пред влезот на аеродромот „Пулково“, граѓаните оставаат рози, каранфили и играчки. Меѓу загинатите, има и цели семејства. Судејќи според датумите на раѓање во списокот на настраданите, во авионот се нашле три генерации од исто семејство.

Патничкиот авион на компанијата „Когалимавиа“, кој леташе од Шарм ел Шеик во Египет за Санкт Петерсбург, се урна 23 минути по полетувањето.

Нема преживеани од несреќата. Египетските спасувачи нашле 129 тела на местото на несреќата, а 25 од загинатите се деца. Меѓу жртвите има четворица Украинци, додека 220 се Руси.

Се очекува денеска во Петерсбург од Египет да пристигне првиот авион со пронајдените тела на загинати патници.