Култура Во Прилеп отворено 58 издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Во Прилеп отворено 58 издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Претставата „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, на Драмскиот театар од Скопје, беше првата претстава од официјалната програма што ја виде публиката

Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

Синоќа во Прилеп, во Центарот за култура беше отворено 58 издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Претставата „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, на Драмскиот театар од Скопје, беше првата претстава од официјалната програма што ја виде публиката.

Денес на пладне е организирана тркалезна маса со екипата на фестивалот. Во библиотеката „Борка Талески“ беше отворена изложба на фотографии со портрети на Горан Стефановски.

Вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура на програмата на фестивалот е „Иванов“ во режија на Зоја Бузалковска на Македонскиот народен театар. Денеска е отворена и Детската зона на фестивалот, а во 11 часот во киното „Мис Стон“ гостуваат млади актери од Актерската школа на Весна Петрушевска.